Што и е потребно на косата после морето?
Секоја коса на море односно на летување претрпува мал третман поголем или помал во зависност од тоа колку сметка сте воделе за неа.
Кога тенот почне да обелува тогаш и целата таа магија со потемнетиот изглед се нарушува па и косата која до скоро време ве разубавуваше па сега делува мртво и истрошено и време е да се позанимавате со нејзе.
Во главно потребни ви се следниве три работи после морето и тоа:
– Потстрижувањето на косата после море е задолжително бидејќи најлошо поминуваат краевите на косата кои се чувствителни на сонце и топлина аособено на солта.
– Пакувањата,маските и третманите за хидратација на косата се задолжителни и немојте да запрете после еден третман бидејќи нивното дејство е ограничено. Ви препорачуваме барем три пати да ја повторите оваа постапка во краток временски период.
– Бојадисувањето на косата после море е третман кој е најефективен во освежување на изгледот. Кога косата ќе ја наполните со пигменти како да и давате нов живот,обновената боја на косата ви го поправа и освежува комплетно изгледот како ретко кој друг третман.