Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Од 22 до 28 јануари се одбележува неделата против рак на грлото на матката, а во рамките на кампањата за подигање на свесноста за опасноста од овој вид на карцином, на социјалните мрежи се појавија селфи фотографии на познати и непознати жени со размачкана шминка.

Станува збор за кампањата наречена #SmearForSmear (мачканица за мачканица) чие име алудира на пап-тест, а целта е да се подигне свесноста за важноста на редовните гинеколошки прегледи и тестови за рано откривање на ракот на грлото на матката.

Како што веќе знаат сите жени, единствен начин карциномот да се открие во рана фаза е пап-тест, па со овие фотографии се повикуваат сите жени да се приклучат на кампањата.

Меѓу познатите жени кои објавија селфи со размачкана шминка се британскиот модел Кара Делевињ, Ребека Варди, Тамара Еклстон и други.

Поврзани вести

 

Најново