Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Британскиот дизајнер Кристофер Кејн на Модната недела во Лондон ја претстави својата нова есенска колекција обувки, а вниманието на публиката го привлекоа гумените патики на штикла.

Кејн е познат по своите чудни и екстравагантни модели обувки. Тој прв ги воведе гумените сандалки со висок ѓон во светот на дизајнерската мода, иако многумина идејата и ја припишуваат на модната куќа Balenciaga.

Британецот за новата колекција се одлучи да експериментира со патики чии ѓонови ги претвори во штикли. Задниот дел на сите модели ги замени со предимензиониран федер кој го намалува притисокот од одењето, пишува Elle.

Секој модел од предната страна е украсен со бисери, перли, цветчиња… Модните критичари сметаат дека се наследнички на гумените сандалки кои беа распродадени пред да бидат пуштени во продажба.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново