Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

usni finИспукани усни се честа појава во зима. Тоа се случува поради ладниот и сув ветер. Кератинот, кој го создава горниот слој на кожата, ја губи својата флексибилност, па усните се воспалуваат, пукаат и се лупат.

Не лижете ги усните

Многумина кои го имааат овој проблем ги лижат усните. Повторното лижење ги отстранува масниот површински слок кој ги штити усните од губење на влагата, што доведува до нивно пукање. Ензимите во плунката исто така можат да ги надразнат усните.

Користите балзам за усни

Балзамот за усни има ублажувачки својства и ја измазнува површината на кожата.
Нанесете го неколку часа пред спиење. Особено доколку сте настинати бидејќи тогаш дишете преку уста и ја сушите.

Внимавајте што има во него

Балзамите за усни можат во себе да содржат ментол. Иако создава пријатно чувство, тој ја надразнува кожата и ги суши усните. Некои кармини исто така можат да ги сушат усните.
Не заборавајте ниту на кожата – третирајте ја со квалитетна хидратантна крема.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново