Грешки во исхраната и најдобар оброк
Избирате само здрава храна, вежбате и внимавате на својата половина. Тоа значи дека сте здрави, зарем не?
Секогаш купувате органска храна
Купувањето органска храна е добар избор, но само за одредени продукти, како говедско или јагоди, но не прави преголема разлика кај некои производи како што се јајцата. Немојте да мислите дека сета органска храна е поздрава во споредба со други опции, ниту дека органски одгледаната хана автоматски е и поздрава.
Го прескокнувате сонот
Студии покажаа дека на луѓето им се потребни барем 7 часа сон, а скратувањето на периодот на одмор може да предизвика бројни здравствени проблеми, како дијабетес, висок крвен притисок и полош имунитет.
Претерувате со антибиотици
Претерувањето со антибиотици може да влијае врз тоа вашиот организам да стане имун на нив, а исто така можат да предизвикаат исчезнување на добрите бактерии кои се наоѓаат во организмот. Допуштете му на докторот наместо вас да донесе одлука дали антибиотици ви се навистина потребни.
Избегнувате посета на лекар
Здрави сте, значи нема потреба да посетите лекар поради болка во градите оти е тоа најверојатно поради лошото варење. Погрешно. Луѓето премногу често одолговлекуваат или самите на себе си се обидуваат да си објаснат што е причина за овие, понекогаш мошне сериозни симптоми. Лекарите тврдат дека времето е клучна работа и оти понекогаш е потребно веднаш да се реагира пред штетата да стане посериозна.
Пиете сокови кои не содржат калории
Вештачки засладените напитоци не содржат калории, но тоа не значи дека се добри за вашето здравје. Неколку студии објавени во 2011. покажаа дека половината кај повеќето испитаници значително се проширила иако конзумирале сокови без шеќер, што го зголемил нивниот ризик од добивање дијабетес.