Лутата храна не му штети на црниот дроб
Kонсумирањето на природно лута храна помага за детоксикација и прочистување на црниот дроб.
Докажано е дека одредени видови храна, витамини и додатоци во исхраната можат да бидат корисни при зајакнување на црниот дроб.
Според канадски научници консумирањето на природно лута храна помага за детоксикација и прочистување на црниот дроб. Слабо пикантните храни како што се цвекло, брокула, карфиол, ѓумбир, рен, сенф, кромид, ротквица се доста погодни за таа намена . Слично влијание имаат и пикантните зачини и билки, како босилек, ловоров лист, бибер, ким, оригано и рузмарин.
Сите знаеме дека лутите пиперки содржат големи количини на витамин Ц, кој е моќен антиоксиданс и го стимулира производство на супстанции во жолчката, која пак помага во процесот на апсорпција на мастите. Ако црниот дроб е веќе оштетен, тогаш препорачаната дневна доза на витамин Ц е од 3000 до 10 000 милиграми, или пак лутата храна како алтернатива е исто толку корисна за црниот дроб.
Пролетта е нај идеално годишно време за да се направи брзо прочистување на црниот дроб. Овој орган најмногу страда при внесување премногу масти и хемикалии во човековото тело, а како што сите знаеме ова се случува токму во текот на зимата. Кога има недостаток на енергија во црниот дроб, тогаш енергетскиот проток во целото тело е засегнат, што доведува до бројни емоционални и физички проблеми. За да се стимулира протокот на енергија во него се препорачува токму лута и пикантна храна.