Алкохол во младоста, инфаркт во староста
Лицата кои во текот на младоста претерано конзумирале алкохол подоцна имаат поголема опасност да добијат срцев и мозочен удар, соопштуваат американските научници во најновата студија.
Во истражувањето се испитани повеќе од 2 800 возрасни лица. Стручњаците навеле дека оние кои многу пиеле алкохол во младоста, подоцна развиваат метаболичен синдром.Метаболичниот синдром се однесува на група на ризик фактори за добивање на срцев и мозочен удар, дијабет и абдоминална гојазност, висок крвен притисок и висок холестерол.
Се смета дека лицата кои имаат три или повеќе од тие симптоми, имаат метаболичен синдром.
Иако умереното конзумирање на алкохол може да има благотворно дејство на срцето, претераното конзумирање има спротивен ефект. Постојат бројни причини да се обесхрабрат младите луѓе кои пијат алкохол – вели една од авторите на студијата Марша Расел, која додава дека зголемениот ризик од добивање на кардиоваскуларни заболувања е една причина повеќе да не се конзумира алкохол.