Краставица – за подобро здравје
Краставица содржи природни соли и витамини кои се корисни за раст на клетките. Високата содржина на минерали ја претвора во природен извор на антиоксиданси, а позната е и со способноста да дејствува како диуретик.
Краставиците се состојат од 96 % вода. Недостатокот од вода доведува до хидратација што предизвикува замор, сува уста и грчеви во мускулите.
Краставиците се богати со витамин A, што е еден од многуте антиоксиданти кои го штитат телото од слободните радикали, го смалуваат ризикот од различни болести кои настануваат поради оштетените келии. Витаминот А е значаен и за добар вид.
Зошто е корисна краставицата?
Го хидрира телото – Ако премногу заборавате и во текот на денот не пиете доволно вода, изедете една ладна краставица.
Добра е за желудникот и рани – Освен што ќе го смири вашиот желудник, во случај да се исечете, можете да ставите дел од краставица на раната и многу брзо да осетите олеснување.
Ги елиминира токсините – Целата вода од краставицата делува добро на внатрешните органи, така што ги чисти од разни нечистотии. Исто така познато е дека има можност да го разбие каменот во бубрегот.
Богата е со витамини – Краставицата, а посебно кората, е богата со витамини кои секојдневно се потребни на организмот, витамини А,Б и Ц кои го јакнат имунолошкиот систем.
Помага при варењето и намалувањето на килограмите Јадете ја со супа и салата и вашите килограми ќе почнат да се топат.
Штити од рак – познато е дека содржи соединение кое го намалува ризикот од неколку типови на канцерогени оболувања вклучувајки рак на јајниците, рак на дојките и рак на матката.
Лечи од дијабетес, намалува холестерол и го контролира крвниот притисок – Сокот од краставица содржи хормон кој е неопходен за производство на инсулин, бидејки содржи доста влакна, калиум и магнезиум.
Го чува здравјето, го ублажува артритисот ,доколку ја измешате со сок од морков, може да го ублажи болот од артритис бидејки ги намалува мочните киселини.