Јадење пред компјутер може да ве здебели!
Без разлика дали тоа се брзи грицки кои сте ги земале на пат од кујна до компјутер, бидејќи играте нова компјутерска игра или пак за ручек додека на бизнис компјутерот со една рака ги вршите своите должности, а со другата јадете – ниту една од овие опции не е добра за вашата линија.
Научниците од англискиот Универзитет во Бристол ја пронашле врската помеѓу тежината и исхраната за време на престојот пред вашиот компјутер. Спроведената студијата дојде до заклучок дека јадењето храна додека сте пред компјутер може значително да ги зголеми шансите дека подоцна во текот на денот повторно ќе посегнете по некој брз оброк.
Истражувањето вклучуваше како меморијата и вниманието влијаат на нашиот апетит. Група испитаници биле замолени да јадат ручек додека играат игра со карти пасијанс на компјутерот, додека втората група консумира ручек без да со некоја активност го одвлекува вниманието од оброкот. Заклучокот бил дека тие , кои во исто време ја играле играта и јаделе,чувствувале помалку ситост после ручекот. Половина час подоцна, испитаниците кои биле пред компјутер јаделе двапати повеќе чоколадни бисквити од оние кои нормално го изеле својот оброк.
Исто така, ‘компјутер момците “не можеле да се сетат на сите видови храна и оброци, кои им биле понудени за ручек. Претходните студии покажаа слични ефекти и со луѓе кои јаделе додека гледале телевизија.