Шолја кафе дневно е добра и за вашиот вид
Пијалакот без кој многумина не можат да го замислат својот ден е добар и за здравјето на очите покажала новата студија.
Шолја кафе може да спречи губење на видот и евентуално слепило кое настанува како последица на ретинална дегенрација предизвикана со глауком,дијабетес или стареење.
Суровото кафе во просек содржи 1 насто кофеин и 7 до 9 насто хлорогенска кислеина,силен антиоксиданс кој спречува ретинална дегенерација кај глувците,покажала студијата на Универзитетот Cornell во Њу Јорк.
Е=Реината е тенок слој на ткива кој се наоѓа на внатрешната површина на задниот дел од окото. Содржи милиони клетки чувствителни на светлина и нервни клетки кои примаат организирани визуелни информации.
Chang Y. Lee, водач нас тудијата, истакна дека дури сега почнуваме подобро да ја разбираме користа која можеме да ја добиеме од најпопуларната напивка на светот. Резултатите од студијата се објавени во списанието „Journal of Agricultural and Food Chemistry“.