Изложеноста на пестициди предизвикува Паркинсова болест
Изложеноста на пестициди е поврзана со поголем ризик за заболување од Паркинсонова болест, покажува едно италијанско истражување.
Анализата на податоците собрани за потребите на 89 претходни студии е спроведена на миланскиот Институт „Clinici di Perfezionamento“.
За заболување од Паркинсонова болест,севкупната изложеност на пестициди била поврзана со 33 отсто до 80 отсто со поголеми изгледи,вели истражувањето.Зголемување на ризикот било најизразено кај лицата кои биле изложени на пестициди поради работа во земјоделството, објави стручното списание „Neurology“.
Паркинсоновата болест е прогресивна, дегенеративна состојба, манифестирана со тресење, забавеност на движењата, вкочанетост, и абнормалности во држењето на телото.Во својот најсериозен облик, поврзана е со длабоко физичко и ментално нарушување.