Магдоносот како лек
За магдоносот, се вели дека е богат извор на минерали: калциум, манган, калиум и железо но и богат со многу витамини кои се многу важни во процесот на метаболиза, на јаглехидратите, протеините и мастите.
За него важи дека содржи есенцијални аминокиселини кои го градат и штитат организмот меѓу кои и оние кои го спречуваат развојот на тумор клетките во организмот.
Магдоносот ги олеснувапроблемите при хроничните заболувања на уринарниот тракт, го поттикнува лачењето на урината, празнењето на мочниот меур а ја отстранува болката која се јавува при мокрење. Преку зголемено мокрење овозможува зголемено исфрлање на вишокот течности па затоа се користи и за намалување на покачениот крвен притисок.
Во лето се препорачува да се пие ладен чај од магдонос зашто освежува и ја намалува опасноста од алергии. Чајот исто така ефикасно ги чисти црниот дроб и жолчката.
Начин на подготовка :
– 2 мали лажички иситнет сув корен се преливаат со 500 милилитри врела вода, потоа садот се остава да стои покриен 15-20 минути, се процедува и се пие два дена и тво мала чаша два пати во текот на денот.