Топ 7 производи кои ги топат мастите
Еве 7 производи со кои може вашето тело да изгледа здраво и совршено:
1. Кромид и лук
Со малата помош на лукот и кромидот брзо ќе ги решите проблемите со масните наслаги и ќе ги избегнете болестите.
2. Цимет
Една четвртина од една лажичка цимет во храната помага шеќерот да се метаболизира подобро и тоа до дваесет пати повеќе, во споредба со храната во која не се наоѓа цимет. Вишокот на шеќер во крвта може да доведе до зголемување на масните наслаги, затоа зачинете го чајот или кафето со цимет и уживајте!
3. Зелени лиснати зеленчуци
Спанаќот, блитвата, кељот и другите видови на зелен лиснат зеленчук се одличен извор на влакна и хранливи материи. Истражувањата покажуваат дека нивната висока концентрација со витамини и антиоксиданси го контролира апетитот и штити од срцеви болести, рак, катаракта и губење на меморијата.
4. Грав и зрнести плодови
Од сите, зрнестите се најдобар извор на растителни влакна. Тие помагаат да се стабилизира нивото на шеќерот во крвта, а исто така се многу богати со калиум, минерал кој ја намалува дехидрацијата и ризикот од висок крвен притисок и мозочен удар.
5. Лута пиперка
Лутата пиперка го намалува ризикот од вишок инсулин во телото и помага во забрзување на метаболизмот и намалување на нивото на гликоза во крвта, пред вишокот инсулин да доведе до формирање на масни наслаги. Може да ја користите свежа кисела или во зачин.
6. Семе од лен и ленено масло
Лененото семе и неговото масло ги привлекуваат растворливите токсини кои се наоѓаат во масните ткива на телото. Кога ќе ги привлечат тие му помагаат на телото да ги исфрли надвор. На тој начин, во телото се складираат помалку масти.
7. Куркума
Овај зачин е еден од најдобрите извори на бета каротен, кој е антиоксидант кој помага во заштитата на црниот дроб од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Куркумата, исто така му помага на метаболизмот во топење на масните наслаги и ја подобрува работата на црниот дроб.