Повеќе секс за мозочна моќ
Ново истражување покажа дека колку почесто имате секс, толку ќе имате подобра мозочна функција.
Повеќе секс значи и дека сте подобри со зборовите во секакви ситуации. Тоа беше тестирано на следниов начин – на учесниците им биле давани 60 секунди за да набројат што повеќе животни, чии имиња започнуваат со релативно ретката буква “Ф”.
Оние кои давале најдобри резултати споделиле своја интимна тајна дека практикуваат редовен секс на неделна основа. Друг тест покажал дека оние кои имаат повеќе секс, можат да справат подобро на тестови кои истражуваат способноста за визуелно дистинкција.
Истражувањето вклучи 73 лица на возраст меѓу 50 и 83 години. “Во моментов можеме само да шпекулираме дали тоа се должи на социјални или чисто физички причини, но очигледно областа во која треба да ги концентрираме нашите напори, е онаа која ги изучува биолошките механизми”, коментира д-р Хејли Рајт, водечкиот научник на истражувањето.
“При секое наредно истражување добиваме се повеќе јасна претстава за вистинските причини за постоењето на оваа врска”, додава таа. “Приближувањето до вистинската природа на механизмите и до одговор на прашањето лежи во тоа дали има причинска врска помеѓу сексуалната активност и когнитивната функција кај постарите луѓе”.