Пет видови храна за добар сон
Шансите да се најадете обилно навечер и тоа да ве држи будни ноќе се многу големи, но и не е добро да одите на спиење на гладен стомак, бидејќи тоа, исто така ќе го спречи убавото спиење.
Всушност некоја храна, може да го подобри вашиот сон и да ве направи мирни, а наутро да се разбудите наспани и енергични. Еве ги петте видови храна, избрани од Foodpanda, кои се погодни за исхрана пред спиење.
“Оброкот” пред спиење треба да содржи триптофан – аминокиселина која ја помага функцијата на мозокот, серотонин и мелатонин, како и други супстанции кои ќе ве донесат до хипнотичка состојба.
На прво место се бананите. Комбинацијата од триптофан, јаглехидрати и магнезиум ќе ве направи поспани и ќе може да ве успие без да се вртите во кревет. Следат интегралните бисквити со путер од кикирики. Ова е уште една магична комбинација – триптофан плус сложени јаглехидрати, која ќе ја охрабри добрата дремка. Чашата топло млеко е класика. Благодарение на состојките триптофан, калциум и магнезиум ќе спиете подобро, а може да додадете и цимет или мед. Малку пченкарен леб – богат со комплексни јаглехидрати и магнезиум и неколку парчиња мисиркино месо ќе ве стават пак во поспана состојба точно по 30 минути. А, комбинацијата меѓу јаболка со мед и бадеми ќе ви даде дополнителна доза смиреност, особено ако кон неа додадете билен чај од нане или камилица.
Важно е сепак да бидете внимателни со количините, бидејќи последното нешто што сакате е да го преоптоварите вашиот стомак и да добие дополнителни калории.