Пет знаци за проблеми со метаболизмот
Кога метаболизмот е забавен, организмот не може доволно брзо да ја претвора храната во енергија па му треба повеќе време за извршување на нормалните функции.
Ова се симптомите на забавен метаболизам.
Постојано ви студи
Метаболизмот освен со енергија не снабдува и со топлина, па постојаното чувство дека ви студи е знак дека метаболизмот не работи добро.
Променливо расположение
Кога организмот се мачи да ги преработи намирниците и брзо да ги однесе до секоја ќелија, трпи и расположението кое кај спориот метаболизам постојано е на вага.
Постојано сте уморни
Иако уморот може да биде последица на бројни причини и околности, ако не можете да утврдите зошто веќе подолго време ве следи умор и исцрпеност, може да е до метаболизмот.
Се дебелеете покрај здравата храна
Познато е дека метаболизмот станува спор со години, но ако внимавате на исхраната и живеете доволно активно, а сеедно се здебелувате, тоа укажува на преспор метаболизам.
Косата и кожата ви се во лоша состојба
Кога организмот не добива доволно енергија, тоа што го добива го земаат виталните органи, па останува помалку енергија за здравите ќелии на кожата и на косата. Ако сте воочиле дека косата и кожата ви станале суви, тоа може да биде јасен знак за спор метаболизам.