Оризот е богат со магнезиум и железо
Објавено на 1 јуни, 2018 во 08:50
Во споредба со другите житарки, оризот има највисока енергетска вредност. 100 грама суров ориз содржи: 12,6 проценти вода, 0,6 г масти, 6,7 г протеини и 79, 5 јаглехидрати.
Од витамини и минерали белиот ориз содржи пантотенска киселина, тиамин, ниацин, витамин Б6, рибофлавин, манган, селен, фосфор, цинк, магнезиум и железо.
Кафеавиот ориз содржи 3,5 пати повеќе магнезиум, и 1,6 пати повеќе фолна киселина.