Сончогледот го продолжува животот
Сончогледовото семе содржи две хранливи материи кои го подобруваат кардиоваскуларниот ситем – витамин Е и фолна киселина. Една четвртина чаша на сончогледово семе содржи повеќе од 60% од дневната потреба на витамин Е.
Овој суштински витамин врши важна антиоскидантна функција и може да помогне во намалувањето на ризикот од рана смрт од кардиоваскуларни болести. Витамин Е помага при неутрализација на слободните радикалаи за да се заштити здравјето на мозокот и клеточните мембрани против црвенило или оток.
Покрај тоа, фолната киселина помага на кардиоваскуларниот систем од раѓање до старост. Се метаболизира хомоцистеин, индикатор за кардиоваскуларни проблеми, во метионин, аминокиселина. Фолната киселина и есенцијалните масни киселини кои природно се наоѓаат во семето од сончоглед видно му помагаат на здравјето на кардиоваскуларниот систем.