Препорачано: Чешне лук дневно во исхраната
Лукот е зеленчук кој го стимулира имунолошкиот систем и и ја обновува стомачната флора. Тој е моќен природен антибиотик и при неговата консумација се уништуваат голем број различни бактерии. Тој е широко користен во народната и традиционалната медицина за лекување многу болести.
Одгледувањето лук почнало пред околу 5.000 години. Тој се користел од Римјаните, Египќаните, Грците, Евреите, Арапите и многу други народи. Питагора лукот го нарекол “крал на зачини”. Најстарите записи укажуваат дека лукот бил важен дел од секојдневната исхрана на Египќаните. Египетски ракописи од овој период содржат 800 рецепти за лекови, од кои 22 биле направени со лук.
Дали сте знаеле дека јадењето лук на празен стомак е всушност навистина ефикасно за превенција и лекување на многу болести?
Научниците откриле дека кога ќе јадете лук на празен стомак, тоа само ќе ја зголеми неговата сила, односно го прави исклучително моќен природен антибиотик. Ова се случува поради тоа што бактериите се веќе видливи и не можат да се заштитат од него.
Дали го користите лукот наместо антибиотици
Лукот содржи азотни материи, натриум, калиум, селен, калциум, магнезиум, силициум, сулфурна и фосфорна киселина, витамин Ц, Д, Б, фитостероли, екстракција и етерични масла.
Покрај тоа, лукот е богат со алицин, според некои истражувачи, алицинот има силен бактериостатски ефект кој помага за брзо лекување на инфекции.
Лукот, исто така, може да се користи и против габични инфекции, што го прави многу покорисен и од поголем број о д денешните антибиотици.