Еден морков изобилува со дневна доза на бета – каротен
Објавено на 13 јули, 2018 во 09:16
Морковот е богат со минерали, витамини, пектини и етерични масла. Еден морков содржи препорачана дневна доза на бета-каротен, пишува Здравје и убавина.
Има улога на чистач во организмот од штетните материи кои се создаваат со консумирање на лоша исхрана, под влијание на загадениот воздух и различни зрачења.
Морковот го поттикнува телесниот развој на детето, ги зајакнува коските и ја зголемува отпорноста кон инфекциите, го зголемува број на црвените крвни зрнца и го чува и подобрува видот.