Со смокви до понизок крвен притисок
Покрај тоа што со својот вкус ни ги развеселува непцата, смоквите се многу здрави. Преполни се со здрав влакна, витамини и минрали, а нивната употреба во лековити цели има долга историја.
Природни шеќери
Смоквите се овошје со единствен вкус, слатки се и имаат интересна структура, полни со крцкави семки. Свежите смокви се деликатни, затоа често се сушат и од нив се прават џемови и слатка.
Богати се со природни шеќери, минерали и впивачки влакна. Минералите кои преовладуваат во ова овошје се калиум, калциум, магнезиум, железо и бакар. Тие се многу богат извор на антиоксиданси, витамини А и Ка и го подобруваат здравјето на организмот.
Смоквите се препорачуваат како делотворно, природно лаксативно средство поради количината влакна која ја содржат. Повеќето од нас во исхраната користат повеќе натриум што води до недостаток на калиум, а нерамнотежата меѓу овие два минерали може да доведе до повишен крвен притисок.
Исхраната богата со овошје и зеленчук, меѓу кои и смоквите, по природен пат може да го зголемат нивото на калум и со тоа влијаат на снижување на крвниот притисок.
Добри бактерии
Заради диеталните влакна, смоквите може да бидат вистинска посластица доколку сте на диета и сакате да изгубите неколку килограми. Храната погата со влакна обезбедува ситост и ја спречува гладта и желбата за слатки. Смоквите покрај тоа, собржат и пробиотици кои ги поддржуваат постоечките бактерии во организмот и со тоа влијаат добро на дигестивниот систем.
Ова овошје е богато со калциум, минерал кој го одржува здравјето на коските. Количините калиум пак, може да го спречат излачувањето на калциум низ мокрачата предизвикано од внесување повеќе сол. Сето тоа го намалува ризикот од остеопороза.Sve to smanjuje rizik od nastanka osteoporoze.