Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

alergija fin

Алергијата на сонце е можеби најлошата работа која може да ви се случи додека сте на годишен домор. Најголем проблем е што може да се појави кај кого било, вклучувајќи ги и лицата кои инаку не се алергични, а станува збор за комбинација од храна, облека и препарати кои се користат и изложувањето на сонце.

Во секој случај, кога ќе се појави алергијата се препорачува избегнување на јако сонце, бидејќи ситуацијата се влошува, а чешањето станува неиздржливо.

Овој проблем може успешно да се спречи доколку сте внимателни.

За почеток, при подготовките за летување не треба да се прават хемиски пилинзи и останати козметички третмани пред сончање. покрај тоа, треба да се избегнуваат козметичките препарати на база на етерични масла и средства за нега на кожата кои содржат ретинол, салицилна киселина и АНА и ВНА киселини.

Антибиотиците и контрацептивните таблети можат како несакани појави да имаат фотодерматоза, најчест облик на алергија на сонце, затоа треба да се провери што пиете и да се посоветувате со лекар.

Синтетичката облека не е за летен период. Треба да се носат само природни материјали, како што се ленот и памукот. Во спротивно повеќе ќе се потите, кожата нема да може правилно да дише и кога на тоа ќе се додаде сончевото зрачење, тогаш алергијата е неминовна.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.