Се градат подземни контејнери во Кавадарци
Позитивното искуство од функционирањето на првиот подземен контејнер резултираше со одлука за нови платформи за подземни контејнери во Кавадарци.
Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ започнаа со реализација на проектот за пет нови подземни контејнери на локации во строгиот центар на улиците „Илинденска“ и „Мито Хаџи-Василев“ .
Првиот ќе се гради пред зградата на водостопанство „Тиквешко поле“, каде започнаа градежните работи.
„Во оваа фаза подземни контејнери ќе има и на локациите спроти „Стопанска банка“ на улицата „Мито Хаџи-Василев“, потоа кај сендвичарата „Мерлин“, кај „Сенатор“ и под „Тутунска банка“ сите на улицата „Илинденска“. Платформите ќе бидат со различна големина а на нив ќе се постават, дват, три или четири контејнери. Изведувач на работите е фирмата „Mетал Апостолов“ од Кавадарци“ велат од локалната самоуправа и додаваат дека овој систем на прибирање на смет во развиените земји е широко распространет и покажува повеќе предности, пред се од екологијата./А.Д