Концесионерот на велешката депонија со троска ископа и извезе пробни 100 тони, дали ископот и транспортот беше безбеден за велешани и животната средина ?
8.05.2020
Пријавил во Општина Велес, кај општинската инспекторка за заштита на животна средина, на крајот на ископот и танспортирал во Малезија прва, пробна количина од 100 тони троската од велешката топилничарска депонија концесионерот, фирмата „Кепс Монт Гроуп” ДОО Скопје. Ова се случило лани на 14 декември, поточно два ипол месеци откако општината ја издаде Б Интегрирана еколошка дозвола на концесионерот.
Ако „Кепс Монт Гроуп” спровел пробен ископ и транспорт дали имало надзор и контрола од страна на општината на првите 100 тони техноген отпад и како се транспортирал низ велешките улици поточно како тоа влијаеше над здравјето на велешани и животната средина во градот денеска ја прашавме инспекторката Билјана Шуркова Манаскова.
Неа концесионерот ја информирал писмено не на почетокот туку на крајот од ископот. Увидот покажал дека станува збор за мала количина што не може да предизвика загадување на здравјето на граѓаните и над животната средина во градот.
Градоначалникот Аце Коцевски реагирал и побарал навремени информации за се што концесионерот на велешката депонија со троска планира да експлоатира од црниот рид позади поранешната топилница за олово и цинк во градот.
-Јас си земав за слобода да му кажам на еден од партнерите дека доколку почнат со транспорт на минералните суровини да очекуваат дека ќе инсистираме на строго почитување на се што е предвидено според Елаборатот за да не дојде до ново загадување на животната средина и да нема после недоразбирање и лутење, рече Коцевски.
Фирмата „Кепс Монт Гроуп” беше избрана за концесионер на топилничарската депонија лани на 31 мај. Тогаш ја доби дозволата од Министерството за економија за експлоатација на техногениот отпад чија вкупна количина изнесува 1,8 милиони тони. По два ипол месеци од добиената Б Интегрираната еколошка дозвола го реализираше првиот пробен ископ. Но, поради одлука на Владата на Малезија за шестмесечен мораториум, односно забрана за увоз на отпадни материи од други држави „Кепс Монт Гроуп” засега ги одлага предвидените ископи и транспорт на количини на техноген отпад./У.Ј