Тешко повреден моторциклист во сообраќаjка во населба Тунел во Велес
1.07.2020
Во директен судир на возило марка „Там“ и моторцикл, утрово околу 6 часот и 50 минути, во близина на спортското игралиште во велешката населба Тунел, со тешки повреди се здобил И.К возач на моторциклот.
Итната помош интервенирала на лице место и му укажала прва помош на повредениот моторциклист.
-Повредениот се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната прва помош екипа на Итна помош го транспортираше моторциклистот во велешка болница, рече началничката д-р Васе Пановска Поп Стефанова.
Специјалистите по хирушки болести констатирале витално загрозувачки повреди по животот на педесет и шест годишниот И.К.
-Пациентот беше реанимиран и интубиран, му беше укажана комплетна медицинска помош и веднаш беше транспортиран во Ургентен центар на скопскиот Клинички центар, рече портпаролката д-р Весна Николовска Неделкова.
На местото на сообраќајната несреќа увид направи екипа на СВР Велес. Резултатите од увидот се очекува да ги открие причините што ја предизвикале сообраќајната несреќа./У.Ј