Уште два нови случаи на Ковид 19 во Кавадарци
Објавено на 1 јули, 2020 во 14:20
Продолжува да расте бројот на нови заболени од корона вирус и во Кавадарци. Денеска дијагностицирани се два случаи позитивни на ковид 19 , потврдија од Центарот за јавно здравје.
„Станува збор за жена на возраст од 67 години. Имала благи симптоми и затоа е извршено тестирање, кое покажа дека е позитивна. Позитивен е и маж на возраст од 44 години. Работел во „Дрекслмајер“. Работниците од линијата каде работел тој се веќе испуштени“ рече за КТВ епидемиологот од Центарот за јавно здравје Кавадарци, д-р Ристе Јовановски.
Во моментов се работи на утврдување на контактите на новите двајца позитивни во Кавадарци. /А.Д