Околу 400 првачиња во Кавадарци денеска го имаа првиот училиштен ден
01.10.2020
392 првачиња во Кавадарци денеска за прв пат седнаа во училишните клупи. Училиштата организираа прием за нив согласно добиените протоколи за заштита на здравјето од Ковид 19.
Вкупно 1130 дечиња ќе посетуваат настава согласно сите препораки и мерки за заштита од Ковид 19. Останатите ученици од четврто до деветто одделение наставата ќе ја следат онлајн, освен учениците во подрачните училишта во неколку кавадаречки села. Настава со физичко присуство ќе се изведува и во ОМБУ „Лазо Мицев Рале“.
„Во Општина Кавадарци денес сите училишта започнаа со настава, за жал детскиот жагор и гужвата во школските дворови ја нема, но образованието мора да продолжи. Денес 392 првачиња распоредени во 21 паралелки, за прв пат ќе се запознаат со своите учителки и учители. Физичко присуство од прво до трето одделение имаме во сите централни и подрачни училишта. Вкупно 1130 дечиња ќе посетуваат настава согласно сите препораки и мерки за заштита од Ковид 19. Останатите ученици од четврто до деветто одделение наставата ќе ја следат онлајн, освен учениците во подрачните училишта во с.Сопот, с.Возарци,с.Дреново, с.Марена и с.Бегниште каде се исполнуваат условите за физичко присуство. Исто така услови за физичко присуство исполнува и Основното музичко балетско училиште Лазо Мицев Рале“ рече градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и им посака успешна учебна година на сите ученици./А.Д