Сменети со нови третина од душеците во спалните соби во средношколскиот интернат
Објавено на 20 април, 2016 во 12:15
Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес набави 60 нови душеци. Тие се обезбедени преку тендер и со пари од буџетот на интернатот. Директорката на домот Василка Ѓурчиновски најави дека во наредниот период ќе се заменат со нови и останатите душеци во сите спални соби каде престојуваат учениците. Капацитетот на интернатот е 221 ученик и е исполнет до последното место.
Директорката истакна дека потребата од дополнителен простор во интернатот е неопходна бидејќи од година во година се зголемува интересот на деца средношколци од другите градови кои учат во некое од четирите средни училишта во градот./Д.С