Вечерва протест и контрапротест во Кавадарци
Објавено на 27 април, 2016 во 09:28
Кавадарчани вечерва повторно ќе протестираат. Од 18.30 часот од кај катастарот ќе тргнат граѓаните кои ќе ги подржат протестите на т.н „шарена револуција“.
Најавено е протестниот марш да помине низ улиците на градот се до општинската зграда, каде граѓанските активисти ќе ги искажат своите барања и причините поради кои протестираат.
Се бара оставка од претседателот Иванов и повлекување на аболицијата, како и одложување на изборите кои се закажани за 5 јуни.
Од 18 часот во Кавадарци ќе се одржи и контрапротест од Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Собирот ќе се одржи во паркот на револуцијата наспроти полициската станица во Кавадарци. ГДОМ е со подршка на утврдениот датум за избори, како единствен начин за излез од кризата. /А.Д