Во Кавадарци ќе се запрашува против комарци
Објавено на 29 јули, 2016 во 12:38
Викендов во Кавадарци, Заводот за здравствена заштита Велес ќе изврши запрашување против комарци.
Од локалната самоуправа информираат дека дезинфекцијата е дел од годишната програма за дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Поради високите температури заштитата ќе се изврши утре во утринските и вечерните часови и во недела наутро.
Од општината апелираат до пчеларите да превземат мерки за заштита на пчелните семејства, како не би дошло до несакани последици.
„Доколку во предвидените термини има врнежи од дожд, тогаш запрашуивањето против комарци ќе се спроведе во првиот сончев ден после врнежите“ информираат од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци./А.Д