Д-р Трајкова: Вакцината го гарантира здравјето на децата и само вакцинирани граѓани ќе можат да влезат во земјите на ЕУ и САД
Висок е процентот на вакцинирани деца во велешко иако тој може да биде и на повисоко ниво. Редовната имунизација на најмладата генерација граѓани и е потребна бидејќи спречува заразни заболувања кои имаат фатални последици по животот. Родителите не треба да ги разбираат сериозно антикампањите што се шират од страна на некои медиуми бидејќи се во нечиј интерес и се спротивни на реалната потреба од имунизација, советува епидемиологот на Центарот за јавно здравје во Велес, др Билјана Трајкова. Таа не го соопшти процентот на вакцинирани дека но со упатениот апел до родителите потврди дека во општината има и деца кои наспроти законската обврска не примиле вакцини.
– Родителите не треба да ги казнуваат децата и да ги доведуваат во состојба да бидат изолирани поточно да не можат да патуваат бидејќи во последно време сите држави на Европската Унија и на САД бараат направена редовна имунизација и пред влегувањето во нивните држави примање на дополнителни дози од вакцините. Тоа значи дека во иднина лицата кои не примиле редовна вакцина и пред излегување од матичните држави не примиле дополнителна доза на вакцини не ќе можат да влезат во ЕУ и САД, ни за доедукација ниту за да вработување, рече др Трајкова.
Имунизацијата во светот напредува. Тој чекор ќе треба да го фати и Македонија.
Освен редовната вакцинација што се реализира во детска и младешка возраст од Центарот за јавно здравје велат дека ќе започнат да посветуваат внимание и на вакцини што граѓаните можат да ги примат и како повозрасни. Тоа се вакцините против грип, против тифус на лицата вработени во јавните комунални претпријатија како и оние што спаѓаат во категорија на терапевтска имунизација.
– Станува збор за вакцинации за лекување на тешките заболувања како што е алцхајмеровата болест, рак на простата, рак на плуќа, рак на дојка и ХИВ како и уште голем број на други тешки заболувања. Иднината на лекувањето на овие тешки болести е во воведување на имунизација, рече др Трајкова.
Невакцинираните деца и граѓани секој пат се во состојба на потенцијална опасност како дома така и во странство. Невакцинираното лице доколку дојде во контакт со заболен од заразна болест тогаш му престои голема опасност од заболување. Последните примери со малите сипаници во Бугарија и Романија се само еден пример како невакцинирано дете станало потенцијален болен граѓанин со фатални последици по животот./У.Ј