Дали би го пробале ова пиво?
Лани за првпат на пазарот беше испорачано кафе од измет на слон кое чини неверојатни 1.100 долари за килограм.
Тоа е зрнесто кафе кое поминало низ дигестивниот тракт на слон.
Овој месец, една јапонска пивара одлучи да го следи трендот и да направи пиво на сличен принцип.
Санкт Гален лансираше пиво од измет на слон, на 1 април, годинава кое се распродаде за неколку минути. Пијалокот наречен „ Un Kono Kuro“ нема да го има во регуларна продажба, а направено е од зрна кафе кои го „преживеале“ варењето во желудникот на слон.
Инаку, „вообичаено“ темното пиво се добива од пржен јачмен но, Un Koko Kuro содржи пржено „слоновско“ кафе.
Новинарот на сајтот RocketNews24 имал можност да го проба и еве го неговиот впечаток:
-„Некое време имав чувство дека цело тело ми е заштитено со некаков топол вкус. За среќа имав уште две шишиња“, напиша тој.