Девојка од Велес тешко повредена во сообраќајка кај „Панини“
Дваесет и шест годишната Е.К се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајката што ноќеска се случила на главната улица „Благој Ѓорев“. Девојката е примена на хирушкото одделение во Болницата во Велес од каде поради сериозноста на повредите е транспортирана на скопските клиники.
Е.К настрадала во несреќата што се случила околу 01.00 часот, кај Панини, кога како сопатничка се возела на моторцикл марка „Хонда БР 900“ со велешки регистарски броеви, управуван од дваесет и осумгодишниот С.К од Велес. Моторциклот излегол надвор од коловозот, се качил на тротоарот од левата страна на улицата, удрил во дрво и паднал на левата сообраќајна лента на улицата.
Моторциклистот С.К и сопатничката Е.К., со возило на очевидец, биле пренесени во ЈЗУ„Општа болница“ Велес. Хирурзите прво кај возачот констатирале телесни повреди но, откако ги санирале одлучиле С.К да го пуштат на домашно лекување./У.Ј