Уметник од Турција на изложба во Неготино!
Академскиот сликар Мехмет Акаја, синоќа, пред љубителите на ликовната уметност ги престави своите најнови слики.
Во нареднитите седум дена неготинци ќе можат да ја посетат изложбата на гостинот од Турција . Акаја, во галеријата на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев“ излага слики со мотиви од годишното време есен. Изложбата за отворена ја прогласи директорката Мирјана Јованова, која рече дека гостинот доаѓа од општина Тепеџик со која досега реализирале два ликовни проекти – „Балкански културни средби.“
“Изложбата е продолжување на соработката помеѓу двете земји,особено помеѓу општините Неготино и Тепеџик, затоа се надеваме дека истата ќе придонесе за поголемо пријателство меѓу двата народа но и за нови иницијативи за соработка на економски план,“ рече Јованова.
Авторот нагласи дека изложбата е резултат на неговите силни емоции кон природата, пренесени на платно.
Мехмет Акаја е роден 1972 во Бурдур. Тој дипломира на Академијата за ликовна уметност, на одделот за сликарство, во Анкара. Освен што слика тој е професор во повеќе градови во Турција. Сега предава скулптура и сликарство во училиште за ликовни уметности во Ајдин.
Акаја е член е на унијата на уметници од Ајдин ас1, на здружението на самостојни уметници Сезан, на уметничкото здружение Ескишехир, здружението за визуелна уметност Горсед и многу други.