Ивановски:Каде се инвестираните 600 илјади евра на ВМРО ДПМНЕ во Градски стадион ?
Каде се инвестираните 600 илјади евра за Градскиот стадион во Велес, со кои пред некој ден се фалеа ВМРО ДПМНЕ и Чадиев, ако се има во предвид дека вештачката трева е донација од УЕФА, столчињата се помалку од 800 и се донација до Фудбалска федерација на Македонија а осветлувањето е донација од Кочо Анѓушев по кого сега секојдневно ВМРО-ДМПНЕ плука секојдневно, праша на почетокот на денешната прес конференција Иван Ивановски од Општинската Организација на СДСМ во Велес.
Тој информираше дека пред некој ден, кога Велес го зафати невреме, на стадионот паднале четири дрвени бандери за осветлување и констатираше дека добрата вест е што никој од бројните минувачи и рекреативци кои попладнето биле на стадионот не бил повреден.
– И не се срамеа Чадиев и ВМРО ДПМНЕ да се пофалат дека Градски стадион бил за одигрување на натпревари до полуфинале на Лига на шампиони, а тука не се играа ни квалификации за Лигата на Европа ниту натпревар од меѓународен карактер. Зарем нашиот, велешкиот стадион не е ,,најдобар,, ама нема кој тоа да го види ? И тартан патеката за атлетика е со дупки, неупотреблива, зошто се вложени 600 илјади евра ? ВМРО-ДПМНЕ без ронка срам се пофали дека го вратиле спортот во градот. Ако не дојдеше ракометниот шампион Вардар во Велес, веднаш откако стана Европски првак, спортската сала никогаш немаше да биде толку полна, како во времето на СДСМ, констатираше Ивановски.
Тој праша дали е потребно вистинските љубители на спортот во градот да се потсетуваат на времето кога РК Борец бил првак, освојувач на шампионатот, а Спортската салата 25 – ти Мај постојано беше полна, со месеци и години.
– Треба ли да потсетувам кога кошаркарите на Жито Вардар играа со години пред преполна сала ? Кога одбојкарите на Борец освоија Куп ? Во тој период од неколку години, од 1993 до 1998 -ма, Велес благодарение на овие спортски екипи и спортисти беше домаќин на бројни меѓународни натпревари и во ракомет и во одбојка и во кошарка. Не почнува се од Вас, господа од ДПМНЕ. Велес памти и други времиња, златни времиња на спортот, но ниту сме се фалеле, ниту ќе се фалиме и ќе го злоупотребуваме спортот во политички цели како Вас, рече Ивановски.
Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ се фалеле како вложувале во спортот, а велешкиот спортист, атлетичарот Кристијан Ефремов заминал на Олимпијадата во Лондон во 2012 година со скинати, дупнати спринтерки и праша дали тоа било вложувањето во спортот на ВМРО ДПМНЕ./У.Ј