Мијак со самостојна изложба во Париз
Објавено на 14 ноември, 2017 во 10:33
Уметникот Александар Јовановски Мијак деновиве патува за Париз.
Француските љубители на ликовната уметност ќе имаат можност да се запознаат со овој наш автор со веќе меѓународно реноме.
По досега реализирани десет самостојни изложби во Америка , продадено уметничко дело на аукција во Њујорк, реализирани повеќе од дваесет самостојни изложби, дома и во странство и дела во колекции низ целиот свет, Мијак повторно ќе ја презентира македонската култура и уметност во светот./У.Ј