„Дедо цепи бурина“ – фестивал на шегата во Кавадарци
Објавено на 6 јануари, 2018 во 11:36
Кавадарчани синоќа во чест на празникот „Коледе“ прославуваа во дворот на домот на културата „Иван Мазов Климе“. Таму по девети пат се одржа фестивалот на шегата, насловен „Дедо цепе бурина“.
Се кажуваа вицови и анегдоти со тематика од секојдневието во Кавадарци, секс и политика, проблемите со грозјето и вечното ривалство меѓу Кавадарци и Неготино.
Годинава не се доделуваа награди за најдобрите шеги, а сите учесници добија дипломи и коледашки.
Директорот на домот на културата, Владимир Темков нагласи дека со ова случување целта е да се внесе позитивна енергија за време на празничните денови./A.Д