Крадци оперираат на железничките премини преку пругата Табановце – Гевгелија и ги крадат акумулаторите од сигурносните уреди
Масовно се крадат акумулаторите од светлосно,звучните и ликовни уреди за премин преку железничкита линија Табановце – Гевгелија. Минатата недела без акумулатор остана преминот кај селото Ногаевци, пред Градско. Претходно, пред четири дена група разбојници го украла и акумулаторот на преминот Градско – Кукуричани. Станува збор за акумулатори кои се десет пати по тешки од типовите што се наоѓаат во автомобилите, рече за Дума.мк раководителот на секторот за електро технички постројки на ЈП „Македонски железници“, Ненад Савиќ.
– Мора да станува збор за организирана група на крадци чија цел е да заработат и да му направат штета на јавното претпријатие. Акумулаторите се дест пати по тешки од тие што ги имаат автомобилите. Не можат да го доведат во ризик одвивањето на железничкиот сообраќај затоа што веднаш по добивањето на информацијата од страна на машиновозачите на сила стапува посебен режим на управување со возовите, независно дали се тие патнички или товарни. Што се подразбира под посебен режим? Во такви услови, кога не работат светлосно- звучните и ликовни уреди на премините преку пругата машиновозачите мораат да ја намалат брзината на управување на возот и кога ќе дојдат на самиот премин со најмала можна брзина да го преминат. Тоа не значи дека ги доведуваат во опасност учесниците во патничкиот сообраќај туку само дека возовите доцнат , рече Савиќ.
Пред две недели исто така бил украден акумулаторот од сигнално сигурносниот уред на преминот помеѓу станиците Зелениково и Јане Сандански а потоа и кај Драчево.Информацијата вчера, на 6 март, ја потврди и помошник директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Петар Спасовски. Тој побара јавното претпријатие на писмено да одговори за штетата што ја трпи како и кога ќе се постават нови акумулатори на местата на кои се украдени. Прашањето на мејл на лицето за односи со јавноста Невзад Мамути му беше испратено вчера но и покрај ветувањето дека ќе одговори најдоцна до денеска, 7 март, тој не испрати одговор
Сите кражби се пријавени во полиција но до денеска не се откриени крадците./У.Ј