Мини парк се гради позади зградите „Лепотици“ во Кавадарци
Просторот позади зградите „Лепотици“ кој повеќе пати се претвараше во дива депонија од несовесни станари кои живеат во околните згради, сега ќе добие нов лик. Наместо кал и ѓубриште овде се гради мини парк. Се врши партерно уредување, се поставуваат риквизити за најмладите. Изграден е летниковец, а наскоро ќе биде изграден и мини пазар.
„Наместо деловно трговски центар за кои беа против дел од овие граѓани одлучивме да изградиме мини забавен парк. Со помош на Вардарски плански регион градиме летниковец. Партеното уредување ќе чини 1,5 милион денари. Уште толку планираме да инвестираме за хортикултурно уредување. Во тек е тендерот за осветлување на овој простор и за изградба на мини пазар. За три – четири месеци овде ќе биде изграден мини пазарот за кој трезгите се веќе набавени“ рече Панов.
Покрај на оваа, се работи и на други позиции во општината. Се привршуваат градежните работи во селските месни заедници. Градоначалникот Панов најави дека секој погоден момент ќе се користи за комунална изградба.
„Со отварање наа асфвалтните бази ќе започне уредувањето на влезовите во градот. Работиме и на позиции во неколку селски месеци. За мене симбол за комунална изградба е асвалтирањето. Ќе продолжиме со асвалтирање на неколку улици кои се подготвени за асвалтирање“ информира Панов./A.Д