Велешанец нападнат на работно место

Објавено на 24 август, 2021 во 11:23

Сектор за внатрешни работи Велес, информира дека во текот на вчерашниот ден, 23 август, биле пријавени две тепачки.

Првата тепачка ја пријавил дваесет и шест годишниот Т.К којшто додека бил на работа во фирма во Велес, бил физички нападнат од четириесет и еден годишниот И.Т од село Раштани, велешко. Физичкиот напад го пријавил околу 14:45 часот.

Втората тепачка во СВР Велес била пријавела во неколку часа подоцна. Во село Долно Караслари, по кратка расправија, настанала физичка пресметка помеѓу четириесет и шест годишниот Г.Ј и седумдесет и три годишниот С.Ј.

По целосно документирање на двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.