Две лица повредени во сообраќајна незгода кај селото Камен Дол
Објавено на 27 јуни, 2018 во 11:02
Дваесет и три годишниот Н.С е повреден во сообраќајната незгода што се сличила вчера околу 14 часот на патот Прилеп – Градско кај селото Камен Дол.
Од полицијата информираа дека Н.С настрадал управувајќи товарно моторно возило марка „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки.
„Неговиот сопатник, дваесет и едногодишниот С.Т во незгодата се здобил со лесни повреди. И на двајцата им е укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци и се пуштени на домашно лекување“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Увид на местото на незгодата извршиле полициски службеници од кавадаречката полиција./А.Д