Повреден маж при пад во дупка, приведен крадец на акомулатори
Жител на кавадаречкото село Марена синоќа околу 22 часот се повредил при пад во дупка. Поради сериозноста на повредите утринава бил пренесен на лекување во Скопје.
„Се работи за тешка скршеница на лева натколеница со изместување. Пациентот беше видно вознемирен. Тој доби соодветен медицински третман во болницата. Му направивме рентген и лабораториски испитувања. Беше стабилизиран, имобилизиран и со инфузиона терапија. Утринава го препративме на операција во Клиниката за трауматологија во Скопје“ рече хирургот д-р Дано Кулев.
За извлекување на поведеното лице од дупката интервенирале покрај итната медициснка помош и пожарникари од кавадаречката противпожарна единица.
Утринава пак, околу 02.00 часот при вршење позорна служба во град Неготино на улиците „Цандо Кожинков“ и „Даме Груев“ од страна на полициската патрола забележани е лице како врши кривично дело – кражба на акумулатор од паркиран трактор, при што, по интервенција на полициските службеници истиот е фатен и е лишен од слобода и приведен во ПС ОН Неготино, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски./А.Д