Две лица повредени во сообраќајка кај Кавадарци
Објавено на 15 октомври, 2018 во 10:36
Синоќа околу 23.30 часот на патот Кавадарци – Мушов Гроб се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Рено Лагуна“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од О.Д.(18) од Кавадарци и патнички автомобил марка „Ауди А4“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од В.М.(55) од Кавадарци.
„Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на „Ауди“-то и дете-сопатникот во „Рено“-то истите се пренесени во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци, каде по укажаната медицинска помош се задржани на лекување“ информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Увид на местото на настанот изврши екипа од кавадаречката полиција.
А.Д