Жител на Подлес убил еден и ранил втор велешанец во селото

Објавено: 13 јуни, 2023, во 10:19 часот

Шеесет и едно годишниот С.И, жител на Подлес, вчера, попладне пред неговата куќа, прво учествувал во расправија со М.В и М.Д од Велес а потоа од пиштол  „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми кон двајцата велешани.

Од здобиените повреди во амбулантата во Градско полинал М.Д (42)  додека со тешки телесни повреди здобиени М.В (44) е транспортиран во велешка болница.  Смртта кај М.Д ја констатирал лекар на Итна медицинска помош од Велес.

Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица.

-Увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од СВР Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.