Конверзациски часови по англиски јазик во библиотеката во Велес
Во соработка со волонтерите на Мировниот корпус стационирани во Велес, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ го продолжува проектот за изведување на бесплатни конверзациски часови за граѓаните на Велес. Овој циклус на конверзациски часови ќе ги води волонтерот Garret Poste, а заинтересираните граѓани можат да се пријават за присуство, во просториите на Локалната библиотека.
Целта на часовите, е преку директна и непосредна употреба на англискиот јазик со говорители од англиско говорно подрачје, да се вежба и подобрува говорниот англиски кај граѓаните.
Сите заинтересирани Велешани за посетување на конверзациските часови, потребно е да имаат макар и минимално познавање на англискиот јазик, како и да располагаат со познавање на одреден фонд на зборови со цел да можат да ги следат часовите.
Координативната средба ќе се одржи денеска, вторник ,10 септември во 19 часот во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“. На средбата заинтересираните граѓани ќе се договараат во кој термин ќе се одржуваат часовите.
Првиот циклус конверзациски часови се одржа, во јули и август 2013 година, кога ги посетуваа околу 40 граѓани. По завршувањето на циклусот , интересот за ваков тип на вежби продолжи да се зголемува. /У.Ј