Вечер со поезијата на Павлина Климкар Меанџиева
Модератор на поетската вечер ќе биде писателот и драматург Сашо Димоски, а избор од поезијата на Меанџиева ќе читаат актерките Слободанка Чичевска, Весна Димитровска Бобевски и Маја Љутков во музичка придружба на Сашко Костов.
Циклусот поетски вечери е нова програмска активност на Велешкиот театар за афирмација и промоција на поезијата како книжевен жанр. Во рамките на циклусот еднаш месечно ќе се одржува поетска вечер во театарот посветена на поезијата на поети по потекло од Велес. Досега се одржаа поетски вечери посветени на поезијата на Катица Ќулафкова и Ристо Јачев, а во месец февруари предвидена е Вечер со поезијата на Игор Крајчев.
Вљубениците во поезијата ќе можат да присуствуваат на овој настан во вторник, на 23-ти јануари, во фоајето на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес, со почеток во 20 часот./У.Ј