На 6 и 7 ноември, Велес домаќин на 51 Детските Рацинови средби
Велес денеска, вторник 6 ноември и во среда на 7 ноември, ќе биде домаќин на педесет и првата литературно поетска детска манифестација посветена на великанот Коста Солев Рацин. Над 300 ученици и добитници на награди од основните и средните училишта од Велес и Република Македонија ќе бидат учесници на годинешната културна манифестација.
Свеченото отворање е закажано во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот со почеток во 12.30 часот.
На литературниот конкурс годинава се пријавија 118 ученици од целата држава. На ликовниот конкурс пристигна 40 творби на ученици.
Органзаторот, Општина Велес во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев-Рацин“, очекуваат градот два дена да биде центар на младоста, поезијата и креативноста во чест на Рацин
Детските Рацинови средби ќе завршат на 7 ноември годинава, со промоција на публикацијата „Кочо Рацин живот и дело“ од Павлина Василева и Марин Клифов, во Спомен куќата на Кочо Рацин, во 13 часот.
Публикацијата ќе ја промовира проф. д-р. Васил Тоциновски. /У.Ј