Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Pajdakovabalerina fin

Со соло настап, варијација на класичениот балет „Есмералда“ балерината Дора Пајдакова на Балетското студио „Анабела“ го отвори овогодишниот Новогодишно - Божиќен концерт во Велес.

Balerini fin

balerini1 fin

Balerink fin

Таа не беше единствената од ова балетско студио што настапи на сцената во големата сала на Општина Велес. Со уште неколку кореографии, на кореографката Цеца Пајдакова, настапија балерините на „Анабела“ кои во студената јануарска вечер им ги стоплија срцата на присутнитните сограѓани. Со првата, балерините ги вратија во детството преку мелодијата на добро познатата „Божиќна песна“ и добија долг аплауз додека со втората изведба на „Валцер на замрзнатите цветови“ ги освоија сите присутни.

Publika fin

Во вториот дел на концертот публиката со задоволство уживаше во изведбите на хористките на детскиот хор „Свети Кирил и Методиј“, под диригенство на професор Веселинка Маџарова. Во првиот дел хористките ги изведоа народната Божиќна песна „Вечниот бог“, „Днева Дњес“ од Александар Касталски, „Тивка ноќ“ од Франц Грубер како и „Pie Jesu“ од Ендру Лијд Вебер со солистите Јелена Илиќ и Катерина Вишинова во пијано придружба на Габриела Бачманова.

Horistki fin

Потоа хористките изведоа новогодишни и божиќни песни омилени во неколку европски држави, дел од нив традиционални и многу познати меѓу луѓето како и македонската народна Божиќна песна „Небо и земја“ за да завршат со сплет на Божиќни песни. За одличните изведби хористките и диригентката Маџарова беа наградени со долги аплаузи. 

Publikastoi fin

SCENAsositezaedno fin

Балетското студио „Анабела“, поточно кореографката Цеца Пајдакова и детскиот хор „Свети Кирил и Методиј“, за постигнатите досегашни резултати што ги сочинуваат бројни настапи, натпревари и освоени златни и сребрени медали или први и втори места како на домашни така и натпревари во странство, се добитници на високото општинско признание Спомен плакета „9-ти Ноември“ за 2019 година./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново