Два новогодишни концерти „Фатени за раце го менуваме светот“ во Дом на култура во Кавадарци
Учениците со посебни образовни потреби од ОУ „Страшо Пинџур“ од Кавадарци и членовите на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, ќе одржат два новогодишни концерти насловени како „Фатени за раце го менуваме светот“! Соработката помеѓу училиштето и фолклорниот ансамбл започнал претходната година со организирање на фолклорни работилници. Учениците земаат учество како играорци но и како членови на оркестарот. Како гости на новогодишниот концерт ќе настапат членоците на Студио за танц „Старс“ Кавадарци.
Новогодишните концерти ќе се оддржат утревечер, 21 декември, со почеток во 18:00 и 19:30 часот во просториите на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Билетите по цена од 100 денари, ќе бидат пуштени во продажба и ќе можат да се купат од билетарницата на Дом на култура, два часа пред почетокот на концертите.
Поради Ковид-19 пандемијата, концертите ќе се одвиваат според сите предвидени протоколи за заштита од вирусот со што ќе може да се влезе само со Сертификат за примена вакцина и задолжително носење заштитни маски. Бројот на присутна публика е 50 % од предвидениот простор.
Новогодишниот концер „Фатени за раце го менуваме светот“ е дел од „Кавадаречка културна есен 2021“ и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Стефани Манева