Изложбата Повардарието низ документи на Државниот архив пред неготинци

Објавено на 9 ноември, 2012 во 15:26

По Велес, Државниот архив на Македонија изложбата “Вардарскиот регион низ документи“ ја постави и во Неготино. Изложбата има образовно едукативен карактер и зборува за историјата на овој дел на Македонија во последните два века.

Изложбата поретставува сведоштво за случувањата во овој дел на Македонија, потврда на  националниот идентитет и ја одбележува борбата на Македонецот за создавање  на своја држава.  Архивската документација нуди можности за решавање на редици прашања и расветлување на одделни историски настани,процеси и личности. Таа има големо значење за непосредно и автентично запознавање со историските процеси на ова подрачје,рекоа организаторите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.